сабота, 27 јули 2024

Димитриевски до СДСМ: Нивната ароганција е ненадминлива

Работничката класа е таа која ја крена Македонија за да стане држава, изјави Максим Димитриевски, претседателот на движењето ЗНАМ – За наша Македонија кое денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце.

Објавено на

часот

Сподели

Димитриевски испрати порака до актуелното раководство на СДСМ.

„Истите тие што дозволија да се отворат бугарски клубови кои го содржат името Ванчо Михајлов во текот на нивниот мандат и ја згазија не само социјалдемократијата, туку и илинденските и асномските левичарски вредности и принципи, нѐ обвинија дека сме човек партија. Нивната ароганција е ненадминлива. Ова раководство на СДСМ, со овој арогантен пристап ја доведе партијата до историски најслабиот резултат.

Не само што ја навредија ЗНАМ, лично мене, навредија и уште 84 илјади граѓани кои го дадоа својот глас за движењето ЗНАМ – за наша Македонија. Ниското ниво на комуникација нема да го прифатиме. Но, како и да е, ние позитивно продолжуваме понатаму и чест ми е што денеска токму овде, традиционално во Меморијалниот центар Пелинце- АСНОМ, каде што се удрени темелите на современата македонска држава, гледам голем број на мои поранешни соборци и сопартијци, кои ни се придружија на овој настан во организација на движењето ЗНАМ и нивниот број секојдневно расте.

За разлика од раководството на СДСМ, тие ја прифатија подадената рака. Нашата цел е да продолжиме да ги обединуваме граѓаните и ние ќе работиме исклучиво во интерес на Македонија, на државните и националните интереси“, рече Димитриевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ