понеделник, 20 мај 2024
Претседателски избори 2024

Димитриевски до Мицкоски: Без дефинирани црвени линии нема ниту разговор за коалиција

Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, вечерва се обрати пред граѓаните на Велес, од каде повтори дека нема коалицирање со СДСМ, но му на лидерот на ВМРО-ДОМНЕ дека без дефинирани црвени линии за Македонија нема ниту разговор за идна коалиција, но нема и без расчистување на коруптивните „опашки“.

Објавено на

часот

Сподели

„За нас и ‘едните’ и ‘другите’ се подеднакво исти.Во оваа наша држава од 90-та година наваму граѓаните само еднаш гласаа ЗА – на референдумот за независност. И така 30 години се вртиме во круг и гледаме како Македонија ја прават наменска држава, по нивни терк“, рече тој пред велешани и додаде дека тие се против модерното ропство.

Димитриевски рече дека од сегашната опозиција, а довчерашна власт, даваат некакви понуди за национална стратегија, што, како што потсети, е идеја на ЗНАМ. Димитриевски потенцира дека први ја предложиле таа идеја и рекле дека нема да коалицираат, ниту ќе разговараат со некој за идна коалиција без претходно да бидат потпишани и дефинирани црвените линии за Македонија.

„При тоа сакам од тука, од Велес да упатам една порака, бидејќи рековме дека со ова актуелно раководство на СДСМ, коешто многу се огреши и кон народот и кон Македонија, нема теоретска шанса да разговараме за идна коалиција. Но, сакам да испратам порака и до оние кои беа власт претходно. Дека пред да седнат со нас на маса ќе треба да расчистат со основниот проблем кај нив и сето она што значи заостанати коруптивни дела од претходната власт, бидејќи немаме намера да менуваме едни за други исти“, рече Димитриевски.

Му порача на Мицкоски да внимава што, како и на кој начин ги презентира своите и тие околу него, но да внимава и какви понуди дава, бидејќи за нив од ЗНАМ зборот е збор и си тежи.

Димитриевски рече дека идна влада без ЗНАМ нема да има, но, дека се подготвени да бидат и опозиција.

„Народот многу повеќе знае од сите нас. Ние имаме обврска, како нова политичка гарнитура, да сме искрени кон вас и кон сите граѓани. Можеби нема да добиете безконечен број на ветувања. Но, тоа што ќе го ветиме ќе го оствариме, зашто имате работа со чисти и чесни луѓе“, рече Димитриевски обраќајќи се пред граѓаните на Велес.

„Ние сме за поголеми права, поголеми плати, поголеми пензии, подобар стандард на граѓаните. Ние тоа ќе го реализираме. Тешко ќе биде, но ќе успееме. Македонецот ќе биде и граѓанин од прв ред и свој на своето, зашто Македонија ќе биде самоодржлива држава со силна економија“, потенцира Димитриевски.

„Нѐ негираат оние кои се прегрнуваат со нашата политичка елита. Ние сме тука да ги потсетиме дека нема да може да прават што сакаат и затоа ја бараме поддршката од вас. Мораме да ги промениме работите. Корупцијата ја уништува Македонија. Криминалот е на секој чекор. Професионалци има насекаде, но се ставени во ќош. Партиските војници газат по професионалците“, рече Димитриевски и додаде дека на овие избори ќе го даде максимумот за во Македонија никогаш повеќе да не биде како што било.

Пред граѓаните на Велес се обрати и носителот на кандидатската листа за ИЕ 3, Генерал-мајор во пензија Павле Арсоски, кој подетално ја претстави програмата на партијата и рече дека, покрај другото, ќе се заложат и за подобрување на условите за работа на припадниците на Армијата на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ