петок, 26 јули 2024

Димитриевски: Чешка е една од најдобрите репрезентации на Европското првенство

Македонската фудбалска репрезентација утре од 18 часот гостува кај Чешка во пријателски натпревар, нашиот голман Столе Димитриевски има комплименти за противникот.

Објавено на

часот

Сподели

По поразот од Хрватска во Риека, Македонија утре има нов предизвик, се среќаваме со селекцијата на Чешка во Храдец Кралове.

„Чешка е феноменален противник, тие се меѓу најдобрите на Европското. Имавме неколку денови за подготовка, моравме да направиме одредени коренции за да ја подобриме дисциплината и да бидеме подготвени за да извлечеме подобар резултат. Ова е последен пријателски меч за нас пред следната Лига на Нации и е важен за нас, за да се формираме и стабилизираме за следниот циклус. Тактичката дисциплина и агресивноста се нешто што мора да го подобриме. Ако сме добро поставени, можеме до поволен резултат“, изјави Димитриевски.

Пред овој натпревар Чешка ја совлада Малта со 7-1, што е показател за нивната сила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ