По поразот од Хрватска во Риека, Македонија утре има нов предизвик, се среќаваме со селекцијата на Чешка во Храдец Кралове.
„Чешка е феноменален противник, тие се меѓу најдобрите на Европското. Имавме неколку денови за подготовка, моравме да направиме одредени коренции за да ја подобриме дисциплината и да бидеме подготвени за да извлечеме подобар резултат. Ова е последен пријателски меч за нас пред следната Лига на Нации и е важен за нас, за да се формираме и стабилизираме за следниот циклус. Тактичката дисциплина и агресивноста се нешто што мора да го подобриме. Ако сме добро поставени, можеме до поволен резултат“, изјави Димитриевски.
Пред овој натпревар Чешка ја совлада Малта со 7-1, што е показател за нивната сила.