петок, 14 јуни 2024

Димитриевски: Би потпишал доживотен договор со Рајо

Објавено на

часот

Сподели

Димитриевски дојде во Рајо од Гимнастик прво на едногодишен заем, а потоа Рајо го откупи и местото прв голман е зацементирано за нашиот чувар на мрежата, кој сезонава има и девет „чисти мрежи“, па тој не крие дека нема проблем да остане во Рајо колку и да посака клубот, па дури и до крајот на животот.

„Јас им кажав во клубот дека сакам да останам. Ако треба да потпишам договор до 2029 година – ќе потпишам! Ако треба да потпишам договор до почеток на тренерска кариера – ќе го сторам тоа. Ако треба да останам до крајот на животот – ќе потпишам. Јас сум многу благодарен на овој клуб, тука се чувствувам прекрасно. Тука ме ценат, ми дадоа шанса и јас се обидувам секогаш да до дадам најдоброто од себе за клубот. Многу сум благодарен и среќен. Ние имаме договор, но јас не сакам да ги притискам. Зашто да не завршам тука? Тоа ми е идеата. Ако треба да останам уште 10 години да ги ‘мачам’, ќе ми биде задоволство“, вели Димитриевски.

Кумановецот веќе многупати посочуваше во изминатиов период дека Рајо е тимот на неговиот живот и дека што и да направи нема да може да му се оддолжи на клубот.

„Јас секогаш се трудам да напредувам и лично и со тимот, а ова е клубот на мојот живот, кој ми даде шанса и многу сум среќен. Никогаш нема да можам да му се оддолжам на Рајо. Јас уште шест-седум години да играм, нема да можам да му дадам толку, колку што Рајо ми даде мене. Штотуку собрав 150 настапи и би сакал уште 300. Навивачите, клубот…, сите ми ја дадоа таа љубов поради која јас се идентификувам со овој клуб. Овие 150 меча ми говорат дека во просек имам 30 меча во сезона, а јас на секој меч се трудам да напредувам, да помогнам за остварување на целите. Не ми е здодевно да пеам со навивачите кога ќе победиме, но најзначајното е таа нивна поддршка и кога ќе загубиме“, посочува Димитриевски.

Рајо e 11ти со 46 бода, но сѐ уште со шанси во последните три кола да дојде и до излез во Европа, зашто седмиот Билбао е на само четири бода од местото за Конференциска лига. А, во соблекувалната има само еден сон, кој е поврзан и со утрешното гостување на „Сантјаго Бернабеу“ кај великанот Реал Мадрид.

„За да го победиме Реал треба да сме на најдобро ниво, но можеме и ќе се бориме до крај. Во соблекувалната сите сонуваат меч Рајо Валјекано – Ливерпул“, додава Димитриевски.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ