недела, 6 октомври 2024

Димитриеска Кочоска: Со новиот буџет се планира да нема зголемување на цените

Покрај сите предизвици со кои се соочивме успеавме да ги консолидираме, да ги исконтролираме и да ги стабилизираме јавните финансии и да ги испланираме до крајот на годината, а сето она што го направвивме  доби потврда и од Агенцијата за кредитен рејтинг Фич, која го потврди кредитниот рејтинг на земјата, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа најавува дека со буџетот за 2025 година буџетскиот дефицит ќе биде не повеќе од 4 отсто, стапката на раст меѓу 3,5 и 3,7 отсто, а инфлацијата под 3 отсто и да нема зголемување на цените.

Објавено на

часот

Сподели

„Голем предизвик беше да се надминат сите оние проблеми што беа оставени од минатиот период и заради тоа презадоволни сме што успеавме да го задржиме кредитниот рејтинг. Тоа е важно од аспект на каматните стапки што ги добиваме кога издаваме еврообврзници на меѓународниот пазар, но уште поважно е што од него зависи интересот на инвеститорите“, рече министерката во гостување на Сител и додаде дека е важно што Фич дава позитивни проекции за иднината, а кои се темелат врз основа на политиките што се планираат, а кои се споделени со Фич на разговорите во Министерството за финансии.

Појасни дека проекциите на Фич се во линија со проекциите од Фискалната стратегија, која е усвоена минатата недела од страна на Владата, и дека се очекува во 2025 година консолидација, стабилизација во делот на буџетскиот дефицит и јавниот долг.

„Веќе го завршуваме буџетот за 2025 година и со новиот буџет, буџетскиот дефицит ќе биде не повеќе од 4 отсто, стапката на раст меѓу 3,5 и 3,7 отсто, а инфлацијата под 3 отсто и да нема зголемување на цените“, потенцира министерката.

Таа додаде дека растот се темели на инветиции, поддршка на приватниот сектор, проекти во општините, инфраструктурни проекти и слично и дека на среден рок со поголем раст на БДП ќе се намали и јавниот долг.

Во врска со состојбата на државната каса, потенцира дека во септември има посериозна наплата на буџетските приходи, како во делот на Царинската управа, така и во Управата за јавни приходи.

„Станува збор за многу краток период, но имаме одлични резултати. Над 20 отсто раст на приходите во Царината, повеќе од 15 отсто на приходите од ДДВ. Позитивни резултати има кај сите даноци, освен мало потфрлање на данокот на добивка“, рече министерката за финансии.

Таа најави дека договорот за кредитот од унгарската Експорт-импорт банка ќе се потпише во вторник и дека средствата треба да бидат уплатени до крајот на неделата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ