сабота, 19 октомври 2024

Димитриеска Кочоска: Обезбедивме пари за сите права и обврски до крајот на годината

Владата усвои дополнет ребаланс на Буџетот за 2024 година со кој се обезбедуваат дополнителни средства за повеќе институции:  Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конуренција, Агенцијата за заштита на лични податоци, МВР, Инспекцискиот совет, министерствата за образование и за транспорт и врски, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Народниот правобранител, Советот на јавни обвинители, МАНУ…, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа истакна дека со дополнетиот буџет се обезбедуваат средства за исплата на плати и набавка на опрема.

 

Објавено на

часот

Сподели

„ДИК доби дополнителни 350 милиони денари, Инспекцискиот совет 147 милиони, МВР 60 милиони за набавка на материјали за лични документи, МАНУ 18,7 милиони за научно-истражувачки проекти и 3,3 милиони за набавака на опрема“, информира министерката.

Таа посочи дека дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2024 ќе биде доставен на разгледување и усвојување во Собранието.

„Обезбедивме средства за целосно сервисирање на сите права и доспеани обврски до крајот на годината, средства за пензионерите, за вработените во администрацијата, за бизнисот, за здравство… Обезбедивме над 4  милијарда денари дополнителни средства за исплата на плати, средства потребни за реализација на преземените обврски за зголемувањето на платите согласно потпишаните колективни договори и законските решенија кои беа донесени по усвојување на Буџетот на РМ за 2024 година. Намерата на Владата е со овој Ребаланс да обезбедиме непречено сервисирање на обврските кон огромен број на граѓани и компании, вклучувајќи ги младите, спортистите, земјоделците, пензионерите, како и вработените во администрацијата преку исполнување на нивните права согласно колективните договори. Стоиме исправени пред предизвикот да ги решиме отворените прашања и да одиме чекор по чекор во исполнување на нашите политики за подобар живот на сите граѓаните“, рече министерката.
Прашана за барањето за пренамена на парите од коридорот 8 за коридорот 10, министерката за финансии појасни дека за коридорот 10 се бараат истите услови, грант и кредит, како и за коридорот 8.

„Дали ќе биде тоа нова апликација или пренамена, воопшто не е важно. Важно е дека бизнисот во Македонија има потреба од профунцкионирање на железниќкиот коридор 10. Постако е да се носи стоката од солунскот пристаниште со камиони отколку со железница. Имаме проблем со транспортот од Солун. Да битно е поврзувањето на пристаништата Драч и Бургас, ама за тоа денес никој нема потреба. Кој носи производи од таму во Македонија: Никој. Мора да дадеме приоритет на потребите на македонските компании, да им се намалат трошоците. Важен ни е коридорот 8, но во услови на лимитирани средства треба да се помогне коридорот 10“, рече Гордана Димитриеска Кочоска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ