петок, 1 март 2024
Реакција на претседателот на МОК

Димевски: Барањето за моја смена е беспредметно, има правни недостатоци

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски реагираше на иницијативата за негова смена на која се потпишаа повеќе од половина членки.

Објавено на

часот

Сподели

Димевски не планира лесно да ја предаде претседателската функција, според него иницијативата е нелегална. Неговата реакција ви ја пренесуваме во целост:

„Во однос на иницијативата за свикување вонредно собрание на Олимпискиот комитет на Северна Македонија (ОКСМ), ја известуваме јавноста дека станува збор за злонамерно пласирана дезинформација како резултат на желбите на поединци со партиско политичка злоупотреба на моќ и средства за остварување на лични цели на штета на спортот. Демонстрација на тотално непознавање на правни процедури и почитување на правни акти и принципи, а најмногу силеџиски волунтаризам.
Конкретно за иницијативата: на ден 9.1.2024, до канцеларијата на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, со поштенска достава беше доставен допис без наведен испраќач. Од содржината на дописот насловен како „Барање“, се наслутува желбата на испраќачот да иницира свикување на Вонредно собрание на ОКСМ.
Врз база на доставениот допис, во консултација со Правната комисија како надлежно тело за правно толкување на оваа материја, барањето е безпредметно поради правни недостатоци од суштински и формален аспект, бидејќи:
1. Барањето не е поткрепено со потребен број поддржувачи на истото согласно член 29 од Статутот на ОКСМ и е далеку од мнозинство.
2. Барањето е спротивно на пропишаната процедура во Статутот на ОКСМ и Деловникот за работа на Собранието на ОКСМ во делот за постапка и рокови за избор на претседател на ОКСМ.
3. Барањето содржи имиња на физички лица и правни субјекти кои не се на листата полноправни членки на ОКСМ со право на глас.
4. Барањето не содржи име на овластени лица согласно статут и одлука на надлежен орган во наведената спортска организација.
5. На барањето има печати од спортски организации кои не се во оптек, кои се предмет на злоупотреба и се предмет на активни судски и управни постапки.
6. Барањето не содржи образложение по кој основ и за што се поднесува.
7. Барањето не е поднесено на пропишан образец бр.1, којшто е пропишан за оваа намена. Олимпискиот комитет на Северна Македонија, како одговорна и транспарентна организација, го повикува испраќачот и подржувачите на предлогот за одржување на вонредно собрание да го уредат својот предлог и да го поднесат на пропишаниот образец и во согласност со пропишаната постапка во статутот и деловникот за работа на Собранието на ОКСМ.
Чувствувајќи ја загриженоста кај некои од нашите членки, го делиме истиот став со предлагачите во овој допис за одржување на редовно изборно собрание што поскоро, а кое секако е статутарно определено да биде одржано годинава, не подоцна од 28 октомври 2024. Следејќи ја конзистентноста на јавно искажаниот став на претседателот на ОКСМ дека ќе иницира закажување на вонредно собрание доколку бидат поднесени барања од пет федерации на начин пропишан со горецитираните акти, се повикуваат подносителот на овој допис и поддржувачите на итна акција за што побрза реализација на нивното барање.

Претседател на Олимпискиот комитет на Северна Македонија,
Даниел Димевски“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ