сабота, 27 јули 2024

Димарко потпиша нов договор со Интер

Интер соопшти дека ја продолжува соработката со Федерико Димарко до 2027 година.

Објавено на

часот

Сподели

Димарко во изминатиот период се промовираше како еден од најважните играчи на Интер, продолжувањето на неговиот договор е добра вест за фановите на нероазурите.

„Интер соопштува дека постигна договор за продолжување на соработката со играчот Федерико Димарко до 30 јуни 2027 година“, стои во соопштението на италијанскиот клуб.

26-годишниот Димарко потекнува од школата на Интер, беше праќан на неколку позајмици по што од пред две години си го забетонира местото на левата бековска позиција во тимот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ