сабота, 27 јули 2024
Пред неговиот дом беше поставена парола

Димарко доби заканувачка порака од ултрасите на Милан, фудбалерот на Интер мораше да се извини (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

По победата над Милан од 1-0 во реваншот и пласманот во финале во Лигата на шампиони, Федерико Димарко зема микрофон во рака и почна да ги води навивачите на Интер.

Дел од скандирањата беа навредливи за навивачите на Милан, дури има и договор помеѓу двете ултрас групи да не се користат.

Па оние најжешките навивачи на Милан во близина на домот на Федерико Димарко поставија парола со заканувачка порака.

„Димарко фокусирај се на фудбалот за да не ти го скратиме јазикот“ – гласеше пораката.

Левиот бек на Интер потоа се огласи на социјалните мрежи и се извини за својата постапка.

„По натпреварот во вторникот дозволив емоциите да ме понесат и да го загубам разумот на кратко. Сакам да им се извинам на сите навивачи на Милан кои беа навредени“ – гласеше пораката на левиот бек, кој е дете на Интер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ