четврток, 30 мај 2024

Дилер од автомобил ја исфрлил дрогата за да не му ја најде полицијата

Полицијата приведе дилер во Охрид откако бил фатен во момент кога од автомобилот ја исфрлил кесичка со дрога за да не му биде најдена. Потоа во неговиот дом се пронајдени нови докази.

Објавено на

часот

Сподели

Ноќеска, 55 минути по полноќ, во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид.

„Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ