недела, 19 мај 2024
Избори 2024

ДИК: Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ

Од досега обработени податоци од 21,17% избирачки места и 16,18 отсто од излезените гласачи, ДИК објави дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија речиси тројно водат со 47.196 гласа пред СДСМ, кои освоиле 15.908 (11,19%). Или, ВМРО-ДПМНЕ води на парламентарните избори во пет од шесте изборни единици, додека во шестката води Европскиот фронт на ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

Коалицијата Европски фронт на ДУИ освоила 33.284 гласа (23,41%), Левица освоила 7.228 гласа (5,08%), додека коалицијата Вреди освоила 27.792 гласа, односно 19,55%, а движењето ЗНАМ 5.164 гласа, односно 3,63%.

Коалицијата Храбро за Македонија на ГРОМ освоила 408 гласа, односно 0,29%, Единствена Македонија 150 гласа, а Нова Алтернатива 359 гласа.

Вкупниот број на неважечките гласачки ливчиња засега изнесува 3.494.

Еве каков е односот и од вториот круг од претседателските избори:

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ