сабота, 27 јули 2024

ДИК: На два дена пред истекот на рокот уште едно лице се пријавило како кандидат за претседател на државата

На само два дена од истекот на рокот за собирање на потписи за кандидати за претседател, до Државната изборна комисија денеска била доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура од страна на Драган Николовски.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера на листата на кандидати кои собираат потписи од граѓаните за претседател на државата се приклучи и Гоце Ристов. И тој до петок ќе се обиде да ги собере потребните 10.000 гласови од граѓаните. Тогаш, на 8 март, согласно роковникот од ДИК завршува рокот за собирање потписи. Досега седум кандидати успеаја да го обезбедат своето место на изборите за претседател на државата.

До овој момент потребните 10 000 гласови ги собраа седум кандидати.

Билјана Ванковска Цветковска кандидат од партијата Левица од граѓаните собра
10.500, Бујар Османи од ДУИ – 11.085, Максим Димитриевски од ЗНАМ 11.605,
Стевчо Јакимовски 11.202, Арбен Таравари  10.710, кандидатот на Социјал демократскиот сојуз (СДСМ) Стево Пендаровски има собрано 22.411, Гордана Силјановска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ 28.086 гласови.

Сите останати пријавени кандидати за шеф на државата имаат помалку потписи – кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз има 1.876, кандидатот Вело Марковски 1.551 потпис, Ѓорѓи Манасков 468, Зорица Цветковска 255, Господин Попоски 137 потписи. Според податоците од ДИК, во овие пет дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски и за Гоце Ристов кој иницијатива за собирање потписи поднесе вчера.

Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ