среда, 29 мај 2024

ДИК: На 8 мај гласачот само еднаш ќе може да влезе на гласачко место, враќање нема

На изборите на 8 мај, кога ќе се гласа за избор на претседател на Македонија и за избор на нов пратенички состав во Собранието,  гласачот ќе може само еднаш да влезе на гласачко место, независно што станува збор за двојни избори. Од избирачкиот одбор ќе биде прашан дали да му бидат дадени и двете гласачки ливчиња (и за претседателски и за парламентарни избори) или ќе гласа само за претседател на Македонија или само за парламентарни избори.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

На денешната седница на Државната изборна комисија беше така одлучено и беше порачано дека на тој начин изборниот процес ќе се одвива поефикасно, но и ќе се има јасен увид за излезноста на секој од изборните процеси.

Членовите на избирачките одбори кои се задолжени за биометриска идентификација ќе имаат право да ги прашаат граѓаните за кој вид на избори сакаат да гласаат, соопштија од ДИК. Втора шанса да влезат на избирачакото место граѓаните нема да имаат.

Како што  рече членот на ДИК, Борис Кондарко, едно лице од избирачкиот одбор кое ракува со уредот за биометриска документација задолжително ќе ги праша граѓаните за кој вид на избори сакаат да гласаат, дали за парламентарни, дали за претседателски, или за двата вида на избори и тоа на соодветен начин ќе го нотифицира во уредот за биометриска идентификација.

„Потоа, по втор пат во денот истиот гласач нема да може да побара да гласа, бидејќи веќе му е  дадено првото на избор, односно нема да доаѓа на  гласачкото место“, рече Кондарко.

Исто така, во функција на ефикасност на изборите, ДИК одлучи бројот на членови на избирачките одбори да се зголеми од пет на седум члена.

Еден член на одборот ќе врши проверка на граѓаните во избирачките списоци за претседателските избори, друг за парламентарните избори, еден член ќе ги дава гласачките ливчиња за едните избори, а друг член за другите избори, или и за двете. Седмиот член на гласачкиот одбор е одговорен за обезбедување на тајноста на гласањето зад параванот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ