сабота, 27 јули 2024

ДИК конечно се комплетира со едногласниот избор на Абдуш Демири од Беса

Со 90 гласа „за“, без воздржани и против, пратениците денеска на седница на Собранието го избраа Абдуш Демири од опозициската Беса, односно од коалицијата Вреди, за член на Државната изборна комисија (ДИК).

Објавено на

часот

Сподели

Демири е предлог за член на ДИК од партиите од коалицијата Европскиот сојуз за промени, која со приклучувањето на крилото на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците прерасна во коалиција Вреди.

Вториот кандидат, кој се повлече, беше Зуљфи Адили бидејќи Владата на предлог на Зијадин Села од Алијанса за Албанците го именува за директор на Агенцијата за странски инвестиции.

Со избор на Демири се комплетира составот на Државната изборна комисија. ДИК повеќе месеци беше без седмиот член, откако Кренар Лога стана министер за правда.

Собранието попладнево ја донесе и одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на КПУ КПД Идризово. По предлог на Министерството за одбрана со одлуката се продолжува рокот за постоење на кризна состојба за зајакнување и обезбедување на КПД Идризово до 31 септември 2024 година.

Пратениците едногласно го донесоа и Законот за вработените во Министерството за одбрана, а без расправа беа донесени и одлуката за изменување на одлуката за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците, предлог одлуката за изменување на одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Македонија.

На седницата поддршка не доби барањето на пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ да се повлечат од дневен ред точките што се однесуваат на стратешките инвестиции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ