среда, 29 мај 2024
Претседателски избори 2024

ДИК: Излезноста до 18:30 часот е 48 проценти, уважени се 134 приговори

Излезноста на гласачите до 18:30 часот од обработени податоци од 3.174 избирачки места е 48,46 проценти, односно на гласање излегле 801 074 гласачи, објави Државната изборна комисија (ДИК).

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски соопшти дека најголема излезност има во Новаци каде на гласање излегле 71,07, а најмала во Центар Жупа 16,90 проценти.

„Гласањето помина мирно без поголеми инциденти на гласачките места“, изјави Даштевски.

Продолжено гласање ќе има во по едно избирачко место во Демир Хисар, Липково, Могила и во Делчево.

Уважени се 134 поплаки од граѓани за повредено избирачко право, на бесплатна телефонска линија на ДИК имало и 10 јавувања на граѓани, а имало и видео повици од осум луѓе со оштетен слух.

На три места во Куманово гласањето е прекинато повеќе од три часа и тие се затворени. Како што објасни претседателот на ДИК доколку резултатите од овие избирачки места имаат влијание на крајниот резултат таму ќе има прегласување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ