сабота, 27 јули 2024

ДИК го утврди избирачкото ливче за претседателски кандидат, Пендаровски ја предводи листата

Актуелниот претседател и кандидат на СДСМ и коалицијата на претстојните претседателски избори Стево Пендаровски ќе биде прв на листата за претседателските избори што се закажани на 24 април. Според жрепката што се одржа денеска во Државната изборна комисија (ДИК) втора е Гордана Силјановска Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, трет е Стевчо Јакимовски од ГРОМ. На четвртата позиција од гласачкото ливче е Бујар Османи од ДУИ, петта е Билјана Ванковска Цветковска од Левица, шести е Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и Европскиот фронт и седми е Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Редоследот на кандидатите за претседатели беше утврден на денешното жребување во присуство на претставници на подносителите на кандидатурите.

Како што изјави претседателот на ДИК Александар Даштевски, по спроведеното ждребување редоследот на кандидатите за претседатели на листата ќе биде објавен во Службен весник.

По куса пауза се очекува ДИК да продолжи со седницата на која ќе се расправа за рекламирање на партиите преку распределба на билбордите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ