сабота, 27 јули 2024

ДИК донесе заклучок за конечните резултати од првиот круг претседателски избори

Државната изборна комисија на денешната седница донесе заклучок за конечност на разултати за избор на претседател на Македонија од прв круг.

Објавено на

часот

Сподели

Според заклучокот, за изборите одржани на 24 април 2024 година, вкупен број на избирачи запишани во избирачки список имало 1.814.317 гласачи од кои гласале 905.622. Неупотребени гласачки ливчиња биле 908.720, важечки ливчиња 881.040, а неважечки ливчиња 24.560.

Конечните резултати покажуваат дека кандидатот за претседател Стево Пендаровски добил 180.499, Гордана Силјановска Давкова 363.085, Стевчо Јакимовски 8.121, Бујар Османи 120.811, Билјана Ванковска 41.331, Арбен Таравари 83.337 и Максим Димитревски 83.855.

Во вториот круг на избори за претседател што треба да се одржат на 8 мај ќе се гласа за кандидатите за претседател Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова.

За претстојните избори за претседател, до Државната изборна комисија пристигнале акредитации од 52 домашни набљудувачи, 11 меѓународни и пет странски новинари, истите доставиле барање и за изборите за пратеници во Собранието, соопштија на денешната седница на ДИК.

На денешната седница ДИК ги усвои и записниците од 97 и 98 седница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ