сабота, 27 јули 2024

ДИК донесе одлуки во среда да се повтори гласањето на седум изборни места

Државната изборна комисија – ДИК попладнево едногласно го усвои предлогот да се повтори гласањето во Изборната единица 5 на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, на избирачките места 1194 и 1202 во Општина Крушево, на избирачките места 1844 во Општина Струга, во избирачкото место 1272 во Општина Охрид, како и во ИЕ 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино. Гласањето ќе се одржи во среда, на 22 мај 2024 година. На седницата беше констатирано и со одлуките на Управниот суд се потврди оти ДИК целосно била на висината на задачата и дејстевувала законито и дека тоа е констатирано и од набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

Објавено на

часот

Сподели

ДИК ги разреши претседателите на избирачките одбори, членовите и нивните заменици во избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга, 1272 во Општина Охрид и 2101 во Општина Желино.

Со оглед дека се кратки роковите за избор на нови избирачки одбори, за да биде регуларно прегласувањето, општинските изборни комисии (ОИК) ќе треба да ангажираат некои од веќе постојните избирачки одбори, или од најблиските избирачки места или некои други, и за тоа ќе треба да достават известување до ДИК.

Кампањата за повторното гласање ќе трае до полноќ во понеделник. Притоа, ќе важат истите листи за болни и немоќни лица, ќе нема можност да се пријавуваат нови.

Членот на ДИК, Борис Кондарко истакна дека комисијата работеше законито, успешно спроведе два изборни круга на двојни избори. Тој не заборави да каже дека членовите на комисијата биле изложени на неримерни притисоци и тоа од претставници на техничата влада и партии. Кондарко упати благодарност до сите вработени во ДИК, како и до медиумите за коректното, професионално и објективно информирање во текот на изборниот процес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ