среда, 29 мај 2024
Претседателски избори 2024

ДИК: До 17 часот излезноста е 44,18 отсто, на три места во Куманово гласањето е прекинато

На прес-конференцијата на ДИК во 17.30 часот беше соопштено дека до 17 часот се обрабоетени податоци за излезеноста на избирачите во 1.788 гласачки места со вкупно 899.977 запишани гласачи и дека на гласање излегле 397.612 односно 44,18 огтсто од запишаните избирачи. Во споредба со првиот круг од претседателските избори во 2019 година, како што рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски, излезеноста до 17 часот е поголема за 9 проценти. Најголема излезеност има во Новаци –  67,19 отсто, а најмала во Пласница – 15,5 отсто од запишаните избирачи.

Фото: Скриншут

Објавено на

часот

Сподели

Даштевски рече дека гласањето се одвива мирно и дека се пристигнати 308 приговори за заштита на лично избирачко право, од кои 85 се усвоени и на тие избирачите им  е овозможено да го остварат своето право на глас. Како неуредни се отфрлени 27 приговори, 38 приговори се одбиени, додека останатите приговори се во процес на обработка.

На новинарско прашање дали имаат поголем број на пријавени нерегуларности и проблеми на изборите, Даштевски рече дека официјално нема голем број на пријавени проблеми со изборите.

Тој посочи дека на три места во Куманово гласањето било прекинато, на едно гласачко место поради загубен печат на изборниот одбор, додека на две места имало проблем со електронскиот уред за идентификација на гласачите, бил направен напор уредите да бидат заменети, па на едното место гласаањето продолжило, на другото не можело.

„Секако дека вечерва ќе одлучуваме за овој проблем и ќе постапиме по закон“, рече Даштевски.

Потпретседателската на ДИК Дитмире Шеху појасни дека станува збор за три избирачки места и дека согласно Изборниот законик на секое место каде гласањето било во прекин повеќе од еден час не може да се продолжи гласаањето. На други места, рече таа, нема такви случаи.

На прашањето кога ДИК ќе ги соопшти првичните резултати од гласањето, Даштевски рече дека во Комисијата се надеваат дека пред полноќ ќе има податоци за повеќе од 50 отсто од избирачките места и тоа ќе бидат првични неофицијални резултати. ѓДо сабајле., додаде, ќе ги знаеме резултатите кои како официјални ќе се објават во рок од 24 часа.

На прашањето дали има нерегуларности од типот на починати лица во избирачките списоци Шеху рече дека податоците за избирачите се добиваат преку службите на МВР, односно службата за матични книги.

„Избирачкиот список е затворен и во меѓувреме, починатите лица во тој рок од 30 дена до изборите остануваат во списокот. Но нема проблеми од тој аспек, со оглед на начинот на гласање. Но ние сме во координација со тие служби на МВР, во еден дел доаѓа до пречистување, но и нема проблем од тој аспект. Секако, можат и самите граѓани да влијаат на ажурирањето доколку и самите пријавуваат“, рече Шеху.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ