сабота, 27 јули 2024

ДИК: Денеска ждрепка за редоследот на листата со кандидати за пратеници

Државната изборна комисија денеска се очекува да одржи седница на која ќе се изврши ждребка за редоследот на гласачкото ливче за Парламентарните избори закажани за 8 мај.

Објавено на

часот

Сподели

ДИК вчера попладне на седница потврди листи со кандидати за пратеници на Парламентарните избори.

ДИК утврди дека во сите шест изборни единици имаат поднесено листи за пратеници коалицијата за Европска иднина предводена од СДСМ, коалицијата Храбро за Македонија преводена од ГРОМ, ИНТЕГРА и ПЦЕР, партијата Македонска ера трета – македонски независни листи-суверинисти, Левица, коалицијата Европски фронт преводена од ДУИ, коалицијата Вреди (Влен), коалицијата Твоја Македонија преводена од ВМРО-ДПМНЕ и движењето ЗНАМ За наша Македонија.

Политичката партија Демократи има поднесено листа пратеници во пет изборни единици, политичката партија Аваја во ИЕ 3, 4, 5 и 6, Твоја партија во ИЕ 1, 2, 3 и 4, Родина Македонија во ИЕ 1, 2, 4 , 5 и 6, а партијата Единствена Македонија – Европско граѓанско движење има поднесено листа за кандидати за пратеници само за шестата изборна единица.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски вчера информира дека Нова алтернатива прави корекции и не е уште комплетирана листата, но потенцира дека уште траат роковите за исправки кои треба да ги извршат партиите.

Исто така, ДИК на вчерашната седница го утврди изгледот на гласачкото ливче за изборите за претседател на Македонија и за изборите за пратеници.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ