недела, 14 април 2024

ДИК даде распоред каде ќе има билборди со ликовите на претседателските кандидати

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 90-та седница спроведе ждрепка со која ги распореди локациите на рекламните паноа и билборди за политичко рекламирање за Изборите за претседател на Македонија, кои ќе се одржат на 24 април 2024 година.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски на почетокот информираше дека до ДИК  пристигнати се понуди од вкупно 12 понудувачи за рекламни паноа и билборди.

Понудите се поделени во четири пакети. Пакетите 1 и 2 со до 40 проценти од локациите кои се наменети за партиите од власта и од опозицијата и пакети 3 и 4  со по 10 проценти од локациите, наменети за парламентарните партии кои немаат пратенички групи и вонпарламентарните партии.

Доколку некоја партија не го искористи вкупниот процент за закуп на раекламни паноа и билборди и локации, останатите политички партии имаат право на закуп.

Максималниот број на рекламни паноа и билборди кои може да се користат за политичко рекламирање изнесува 50% од вкупниот број на територијата на определена општина, градот Скопје, односно на територијата на кое определено правно лице стопанисува со истите за изборите за претседател на државава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ