сабота, 27 јули 2024

ДИК бара помош од општините за обезбедување технички помагала за изборите

Општините се законски обврзани да обезбедат простор за спроведувањето на гласањето на денот на иборите, но во одредени изборни пунктови потребно е општините да ѝ дадат поддршка на Државната изборна комисија (ДИК) и во обезбедување на одредени технички помагала, како компјутери, печатачи и слично, било кажано на вчерашната средба помеѓу претседателот на ДИК, Александар Даштевски и претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевски.

 

 

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од ЗЕЛС, од ДИК биле информирани дека веќе се утврдени сите локации на кои ќе се гласа, што во најголем дел се наоѓаат во простории на училишта, училишни сали или градинки.

„При тоа беше посочено дека треба да се води грижа тие да се наоѓаат во приземниот дел од  објектите и воедно да имаат обезбеден пристап за лицата со посебни потреби. За непречено спроведување на изборите од технички аспект и овозможување на исполнување на правото на гласање, подеднакво за сите граѓани, општините беа замолени да ги проверат ваквите пристапи и доколку е возможно да го подобрат нивниот квалитет. Од посебно значење за ДИК претставува и обезбедувањето на соодветни простории каде еден ден пред изборите ќе се депонира потребниот изборен  материјал. За сето тоа побараа општините да им излезат во пресрет на претставниците од ДИК  и најавија дека  до ЗЕЛС и до локалните самоуправи ќе биде испратена и информација со поконкретни барања и насоки“, пишува во соопштението на ЗЕЛС.

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски нагласил дека непречено спроведување на фер и демократски избори треба да биде императив на секој граѓанин и дека заедничка е обврската тие да се спроведат во најдобар ред.

„Ѓорѓиевски посочи дека ЗЕЛС ќе се погрижи општините да излезат во пресрет на барањата на ДИК и навремено ќе бидат информирани за потребните активности што треба да се обезбедат од просторен, технички или организационен карактер“, информираа од ЗЕЛС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ