сабота, 27 јули 2024

ДИК бара на овие избори да може да се гласа и со старите важечки документи

Многу граѓани нема да можат да го остварат правото на глас поради немање важечки документи, предупредуваат од Државната изборна комисија. Александар Даштевски, претседателот на ДИК изјави дека предложиле во Изборниот законик да се внесе преодна одредба со која ќе се овозможи на овие избори да се гласа и со старите важечки документи.

Објавено на

часот

Сподели

„Како ДИК до Собранието дадовме еден предлог до Собранието – во Изборниот законик да се направи измена во која ќе има преодна одредба само за овие избори, да важат и старите важечки документи за да можат да гласаат сите граѓани. Дали тоа ќе се усвои или не, зависи од Собранието“, истакна Даштевски.

Што се однесува до лицата кои навршуваат 18 години, Даштевски рече дека тие ќе можат да се пријават за да бидат внесени во Избирачкиот список.
„За полнолетните е изнајдено решение и точно се знае според закон до кога ќе можат да се запишуваат. Тоа што е во законот, тоа е“, рече претседателот на ДИК.

Во тек е увидот на Избирачкиот список, тече рокот за поднесување и барања од дијаспората за гласање на претседателските избори на 24 април и на парламентарните на 8 мај.

Крајниот рок за поднесување на барања за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список е до 18 март, понеделник. Рокот важи и за парламентарните и претседателските избори.

До петок трае собирањето потписи од граѓаните за кандидатите за претседател на претстојните избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ