сабота, 27 јули 2024

ДИК: 249 портали, 37 телевизии и 35 радија се регистрирани за платено политичко рекламирање

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 84 -та седница ги усвои Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за избор на претседател на Македонија и Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за избор на пратеници во Собранието.

Објавено на

часот

Сподели

„Од вкупно доставени 333 барања од медиумите за платено политичко рекламирање за претседателските избори, Државната изборна комисија ги потврди барањата на 37 телевизии, 35 радија, 11 печатени медиуми и 249 портали. Две телевизи и три радија ќе треба да достават корекција на ценовниците согласно чл.75 ѓ, ст.11 од Изборниот законик“, соопшти ДИК.

Вкупно осум правни субјекти со 10 портали, еден поткаст и едно радио се одбиени поради, како што се наведува, неисполнување на законските услови за регистрација на медиуми за платено политичко рекламирање.

Против решенијата за одбивање на медиумите кои не ги исполнуваат условите за регистрација за платено политичко рекламирање, незадоволната страна има право на тужба до Управен суд во рок од 24 часа од приемот на решението.

Регистарот на медиуми кои ќе вршат платено политичко рекламирање и ценовниците ќе бидат достапни на веб-страницата на ДИК.

Изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април годинава, почнува на 4 април во 00:00 часот и ќе трае до 24 часот на 22 април, а  кампањата за парламентарните избори, што треба да се одржат на 8 мај, ќе трае од 18 април до 6 мај.

ДИК информира дека до попладневните часови пристигнати се вкупно 209 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората за претстојните парламентарни и претседателски избори. Од вкупниот број пријави, 53 се прифатени, девет се одбиени, а за 147 пријави во тек е на обработка.

Ппријави од дипломатските претставништва се уште не се пристигнати до ДИК.

Согласно Роковникот на ДИК, доставувањето на пријавите за гласање на изборите е до 20 март, в среда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ