четврток, 16 јануари 2025

Дијабетичарите се жалат дека се измамени од Министерството за здравство

Објавено на

часот

Сподели

Во писмото понатаму пишува дека се вели како Сојуз на здруженија на дијабетичари го изразуваат  нивниот голем револт и гнев, но и став дека е недозволиво осум месеци да нема инсулински игли, ленти, апаратчиња за мерење на шеќер.
 
„Тука сме да го изразиме нашиот револт и што на крајот на секој тендер и почетокот на нов тендер речиси по правило немаме доволно инсулин и друга антидијабетична терапија. Револтирани сме и поради тоа што не можеме ни да Ве пофалиме за новата терапија која ни ја обезбедувате на тендер ама и по неколку месеци не можеме да ја добиеме. Прашуваме, каде Ви е сега „пречката или проблемот“ и после 90 дена потпишани договори за набавка на Антидијабетна терпија ја нема“, велат од Сојузот.
 
Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, само минатата година новодијагностицирани се 7.460 пациенти, а вкупниот број на евдиентирани случаи со дијабетес во нашата држава е 135.690.

„Тоа значи дека речиси 136 илјади граѓани во оваа држава мака мачат, живеат под стериозен стрес и имаат секојдневни проблеми поради нивната хронична состојба. Доколку тука ги додадеме и семејствата, бројката е навистина многу поголема, односно скоро една четвртина од вкупното население во нашата држава се соочува со последиците од дијабетесот. Наместо државата да ни помогне и да ни го олесни секојдневното живеење, ние сме соочени и доведени во ситуација да не знаеме дали ќе го преживееме утрешниот ден, дали ќе се разбудиме следното утро и ќе ги видиме нашите деца, родители, баби и дедовци. Доведени сме во ситуација на дополнителен стрес којшто влијае врз нашата и така влошена здравствена состојба. Зошто? Поради тоа што постојано помегу две тендерски постаки сме оставени без доволни количини на потребни инсулини или таблети, незамисливо и недозволиво 8 месеци немаме апаратчиња и ленти за мерење на шеќерот во крвта“, велат од Сојузот.

Оттаму тврдат дека од вкупно 12 месеци во една година 8 месеци се оставени самите на себе, да се снаоѓаат како знаат и умеат за да преживеат иако имаат здравствено осигурување.

„136 илјади граѓани во оваа држава немаат финансиски средства самите да си ги обезбедат потребните медицински помагала или потребната терапија за справување со нашата дијагноза – дијабетесот. Знаете како се снаоѓаме? Во 21-виот век, ние пациенти меѓу себе си разменуваме од терапијата, од иглите, од лентите и од апаратчиња за шеќер. Недозволиво е кога државата секојдневно се расфрла со непродуктивни трошоци, пациентите со дијабетес буквално да молат за лек и помагала којшто треба регуларно да им следуваат. Наместо да им олесниме на децата и да не ги боцкаме по 10 пати во денот, наместо да им овозможиме убаво детство, тие секојдневно се мачат. Каде се сензорите? Заглавени повторно во „трач муабет на пациентите“ „кај плачковците пациенти и родители“ или во ваши некакви правни лавиринти!“, велат од Сојузот.

Оттаму прашуваат „зарем како систем сме толку незрели и не можеме да научиме од сопствените грешки и истите да не ги повторуваме на секои две години. Ако не сме кадарни да научиме тогаш ајде да немаме тендери, дајте ни можност за слободен пристап до нашата потребна терапија и потребните помагала?“.

„Постојаниот недостаток на терапија и помагала значи игнорантен однос на јавното здравство и институциите кон 136 илјади граѓани, значи непостоење грижа од оној кој е платен и задолжен за тоа да се грижи. Отворено прашуваме, дали ова значи дека нашите животи и нашето здравје не вредат ништо во оваа држава. Секоја година апелираме, јавно молиме, притискаме да добиеме терапија и помагала за да можеме нормално да функционираме со нашите секојдневните животни активности. Неодговорно е пациентите да страдаат поради тендерски процедури. Тоа е недозволиво од страна на државата! Неодговорно е во инсулинските аптеки постојано да ни се вели : „Дојди утре, дојди за два дена, дојди следната недела“, “ти следуваат пет пенкала ама ќе ти дадеме 3, другите две наредниот месец ако има”, “крај на тендер е немаме од тој инсулин оди кај докторот да ти ја смени листата на тоа и тоа (тоа што се нашло во аптека)” и т.н. Не само неодговорно, суров е ваквиот однос кон пациентите со дијабетес!“, велат од Сојузот.

Кога станува збор за здравје и за живот, политика не смее да има, забележуваат од Сојузот на здруженија на дијабетичари.

„Денеска после средбата со министерот за здравство и неговиот кабинет, заедно, на 21 јули 2023 година со претседателот на Националната комисија за дијабетес и директорот на Клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни состојби, на која баравме а не преговаравме, на која инсистиравме, а не договоравме, вие како Минитерство за здравство и писмено ни ветивте, антидијабетна терапија за сите ќе биде достапна од 27 јули 2023 година, ленти и глукомери за сите ќе биде достапно за 10 дена, а затоа што знаевме и бевме убедени дека нема да ги добиеме дадовме уште 10 дена! И денес нема ленти и глукомери! Договорниот економски оператор „Др. Пановски“ кажува едни информации, вие како МЗ други информации, во договорот стојат најлошите рокови за сите нас! Денес има парцијална антидијабетна терапија само за дел од постојните пациенти, пред да се потпишат новите договори од новите тендери!“, велат од Сојузот.

Нивната крајна цел е, како што велат од Сојузот, континуирано обезбедување на современа инсулинска и друга антидијабетична и таблетарна терапија и помагала за мерење на шеќер за сите пациенти во секое време!

Од Сојузот најавија дека ќе бараат одговорност и обештетување за последиците кои ги трпат дијабетичарите поради немање на соодветна терапија за нивната болест.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ