сабота, 27 јули 2024
Модернизација на граничните премини

Дигитални камери автоматски ќе ги препознаваат регистарските таблички на граничните премини

Mинистерството за транспорт и врски набави нов систем за видео надзор и читање на регистарските таблици, што во следниот период ќе се инсталира на сите гранични премини во државата.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот Благој Бочварски денеска го потпиша Договорот за имплементација на нов централизиран видео систем, со вредност од 928.500 евра, систем којшто ќе биде имплементиран во рок од една година, соопшти Mинистерството за транспорт и врски.

Имплементацијата на овој информатички систем, како што е наведено во соопштението, е во рамките на Проектот за унапредување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, а за потребите на Министерството за внатрешни работи и Царинската Управа. Системот ќе биде поставен на 40 локации, на сите гранични премини во државава кој опфаќа видеонадзор со 350 различни различни типови на дигитални камери, систем за автоматско препознавање на регистарски таблици и централен систем за складирање на податоците.

„Унапредувањето на транспортот и на безбедноста на патиштата се високо на агендата на Министерството за транспорт и врски. Во таа насока континуирано работиме на мерки и активности со кои што го развиваме транспортот и ова е еден од проектите од кои заеднички бенефит ќе има Министерството за транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи, Царинската Управа и секако граѓаните со кои што ќе се подобрат условите за работа на граничните премини. Регионалната соработка е наш приоритет и продолжуваме со реализација на вакви проекти кои ќе донесат регионален развој“, истакна Бочварски на потпишувањето на договорот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ