сабота, 27 јули 2024

Дигитална трансформација и машинското учење за одговорни кредитни практики

Со новите трендови во дигиталната трансформација, бизнис процесите базирани на машинско учење целосно ќе го редефинираат финансиското опкружување и корисничко искуство, a науката базирана на податоци станува моќна алатка во рацете на финансиските компании, која може целосно да ги револуционизира процесите и корисничкото искуство.

Објавено на

часот

Сподели

Кога станува збор за финтек дигитализација, трансформација и иновации, Иуте веќе одамна ги постави стандардите за  одење во чекор со пазарот и трендовите. Но колку што е важно пионерството, уште поважен е континуитетот, одржувањето и вложувањето во нови алгоритми, методи и трендови.

Како компанија која цврсто се залага за одговорно, транспарентно и целосно безбедно кредитирање, Иуте Македонија од неодамна започна со унапредување на бизнис процесите и корисничкото искуство, базирано на машинско учење и наука базирана на податоци.

Преку дигитална трансформација и машинско учење до значително подобрување на корисничкото искуство.

Еден од најважните аспекти каде што науката базирана на податоци има улога е подобреното корисничко искуство, на начин што овие процеси овозможуваат подобро и поедноставно да се пресретнат индивидуалните потреби на клиентите, да се направи профил на клиентот и да се подобри комуникациската стратегија.

Преку користење на напредна аналитика и алгоритми базирани на машинско учење, финансиските институции можат да добијат значителен и длабински увид во однесувањето на клиентот, да го намалат кредитниот ризик и да овозможат одговорна практика на кредитирање. Еден од главните области на делување е менаџирањето на ризиците, каде што науката базирана на податоци помага да се намали кредитниот ризик, а преку анализирање на историски податоци и машинско учење, може да се пристапи кон кредитоспособноста, индивидуалните и специфични потреби  на клиентите многу попрецизно.

„Иуте Македонија ја има привилегијата да црпи искуството од Естонска групација, една од дигитално најмоќните и најнапредните земји во Европа. Воедно групацијата веќе има воведено и сé уште работи на доусовршување на процесите за користење на наука базирана на податоци и автоматизација при проценката и обработката на барањата за кредити, во функција на одговорно кредитирање”, објаснува Александар Тишовски, директор на Сектор за технологија во Иуте.

Технологија во служба на враќање на времето на луѓето

Иуте е воедно единствениот финтек кој поседува мобилна апликација Myiute, со повеќе од 130.000 симнувања, како и нова напредна технологија за електронска идентификација.

Апликацијата претставува единствено и сеопфатно решение, каде што клиентите на едно место може да аплицираат за кредит, за паричен лимит, да направат електронска верификација на идентитет, да скенираат QR код во партнерската мрежа, дигитално да го потпишат договорот за кредит и придружната документација, да добијат информации за локации на најблиските експозитури и бескартични АТМ-и, информации за партнерската мрежа како и да имаат целосен увид во сите свои кредити и нивните детали. Значи станува збор за целосно олеснување и скратување на постапката, заштедување на време и ресурси и планирање на буџетот по своја мера, преку целосна достапност и можност за проверка на сите информации.

Исто така, со ново-воведената технологија и систем за електронска идентификација, кој е воведен во соработка со компанијата ’ГетИД’ (GetID) од Естонија, се зголемува безбедноста на клиентите и се елиминира каква било можност од злоупотреба на податоците на клиентите.

За технолошки развоj за коj во повеќето традиционални финаниски институции се потребни повеќе месеци, кај нас доаѓаат за неколку дена, па и за неколку часа. Нашата цел не е да ги следиме трендовите и процесите во индустријата, туку да ги поставуваме. Постојано мораме да правиме промени и нови планови кои од една страна ќе соодветствуваат на новите регулативи, што е добро, затоа што на овој пазар му недостасуваат унифицирани стандарди, а од друга страна ги носиме новите технологии од европскиот пазар”, додава Март Наел, директор за технологија во групацијата Иуте Талин.

 Одговорното и етичко кредитирање како клучен и критичен аспект

Носењето на поиздржани одлуки врз база на проценка на севкупниот профил на клиентот го намалува ризикот од презадолженост и неможност на враќање на долгот. Со еден збор, фокусот е на носење на етички и одржливи одлуки за кредитирање.

Преку користење на моќта на машинското учење и наука базирана на податоци, финансиските друштва си овозможуваат поголема стабилност, ефикасност на деловните процеси, потенцијал за раст и пред се, градење на лојалност и релации на долги патеки со клиентите.

Како што трендовите и процесите на дигитална трансформација еволуираат, машинското учење се предвидува да земе уште повитална улога и целосно да го редефинира финансиското опкружување и пазарот, но притоа никако не смее да се заборави дека она што со сигурност останува непроменето е човекот, човечката димензија и знаењето позади овие процеси, како единствена страна која може да го знае контекстот и да го изменаџира правилно.

Комерцијален текст

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ