сабота, 27 јули 2024
Средба на министерот Алиу со ректорите на универзититетите

Дигитализацијата ќе придонесе за развој на универзитетите на друго ниво

Објавено на

часот

Сподели

Министерот Алиу ја истакна важноста на дигиталната трансформација во сите сфери на општеството, особено во високообразовната дејност.

„Денеска ги започнавме и консултациите со ректорите на сите универзитети во нашата земја за унапредување на високото образование на друго ниво преку дигитализација“, рече Алиу додавајќи дека технологијата е дел од нашето секојдневие.

Додаде дека дигитализацијата има свои позитивни страни и каде може да се прифати подобро отколку во образованието, токму таму го има својот извор, за да се постигне широко распространета употреба кај населението.

„Затоа, во овој разговор се договоривме дека тесно ќе соработуваме за подобрување на дигитализацијата на универзитетите и ќе ги реализираме неопходните инвестиции во напредни технолошки платформи, за да се соочиме со предизвиците на времето и да го одржиме и гарантираме квалитетот на образованието“, рече министерот Алиу.

Во таа смисла посочи дека МИОА е отворена за соработка, вклучувајќи и во однос на подобрување на ефикасноста на административните процеси во високообразовните институции. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ