четврток, 12 септември 2024

Дибала одби 75 милиони евра од Саудиска Арабија, реши да остане во Рома

Пауло Дибала останува во Рома, ова е негова конечна одлука, тој ја одбил богатата понуда од Саудиска Арабија, и на социјалните мрежи испрати порака до фановите дека се гледаат во недела.

Објавено на

часот

Сподели

Дибала имаше понуда од 75 милиони евра на маса од саудискиот клуб Ал-Кадсиах. Ноќеска имаше информација дека тој ја прифатил понудата и останува уште само клубовите да се договорат за трансферот да се реализира.

Но, се случи пресврт, љубовта победи, Дибала ги одби парите на шеиците и реши да остане во Рома.

Преку социјалните мрежи објави видео и им кажа на фановите дека ќе ги види во недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ