Последното коло од Серија А донесе доста возбудувања, најдраматично беше во Рим каде Рома со 2-1 ја совлада Специја.
Пауло Дибала со гол од пенал во 89. минута донесе победа и ја остави „волчицата“ во местата кои водат во Лига Европа, Аргентинецот во исто време го испрати својот поранешен клуб Јувентус во Конференциска Лига.
Резултатот значеше и бараж за опстанок во Серија А, откако Верона загуби на гостувањето кај Милан, па остана изедначена со Специја по бројот на бодови. Кој ќе остане во елитата а кој ќе оди во втора лига, Верона и Специја сега ќе одлучуваат во меѓусебен дуел на неутрален терен кој ќе се одигра следната недела.