сабота, 27 јули 2024
Во меч со 12 рунди

Џошуа го победи Френклин, беше избегнат сериозен инцидент (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Џошуа во овој меч влезе по два порази од Олександер Усик, но овојпат беше на висина на задачата и уште во првата рунда покажа дека е подготвен да победи. Тој максимално ја користеше предноста во висина и со прецизни директи го отвораше гардот на противникот. Еден судија му даде предност од 118-111, а другите двајца идентични 117-111.

На крајот можеше да се случи голем инцидент кога двајцата боксери влегоа во клинч, а судијата се обидуваше да ги раздели, реагираше и тренерот на Френклин, но во рингот влегоа и други луѓе. Малку фалеше работите да излезат од тотална контрола.
 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ