сабота, 27 јули 2024

Џорџа Мелони раскина со партнерот по неговите сексистички коментари

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денеска дека се разделила со својот партнер, телевизискиот новинар Андреа Џамбруно, кој беше критикуван во последните неколку недели поради сексистичките коментари што ги даде во етер.

Објавено на

часот

Сподели

„Мојата врска со Андреа Џамбруно, која траеше речиси 10 години, завршува тука“, напиша Мелони на Твитер. „Нашите патишта веќе некое време се разделија и време е да го признаеме тоа“, додаде таа.

Двојката има ќерка родена во 2016 година.

Мелони пред новинарите минатиот месец рече дека не треба да ѝ се суди поради забелешките на Џамбруно и во иднина нема да одговара на прашања за неговото однесување.

Џамбруно е водител на информативна програма која ја емитува Медиасет, дел од медиумската група МФЕ во сопственост на наследниците на починатиот Силвио Берлускони, поранешен премиер и сојузник на премиерката Мелони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ