четврток, 13 јуни 2024

Џорџ Буш случајно ја осуди „неоправданата и брутална инвазија на Ирак“ мислејќи на Украина (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш вчера направи гаф и ја осуди „бруталната“ „инвазија на Ирак“, пред самиот да се поправи дека ја осудува инвазијата на Украина.

43-от американски претседател говореше на изборен настан во претседателскиот центар во Далас.

„За разлика од тоа, руските избори беа наместени. Политичките противници се затворани или на друг начин се елиминираат од учество во изборниот процес. Резултатот е отсуство на систем за контрола и рамнотежа во Русија“, рече поранешниот претседател во своето обраќање.

„А одлуката на еден човек да почне целосно неоправдана и брутална инвазија на Ирак… Мислам на Украина“, додаде тој, пред да се насмее и за гафот да ја обвини својата старост.

Тој ги крена рамениците и промрморе „А и на Ирак“.

„Знаете, јас имам 75 години“, додаде републиканскиот лидер, а публиката прсна во смеа.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=wUEr7TayrmU autoplay:0]

За време на претседателствувањето на Буш, во март 2003 година, коалицијата предводена од САД го нападна Ирак за да ја собори авторитарната влада на Садам Хусеин поради загриженоста дека тој набавува биолошко и нуклеарно оружје, без да покаже докази за својата загриженост.

Војната, меѓутоа, заврши со уште повеќе конфликти во регионот.

Бушовата администрација беше критикувана дека почнала брутална превентивна војна против Ирак во која загинаа десетици и илјадници ирачки граѓани и над 4.000 американски војници.

Студијата на Ирак боди каунт покажа дека цивилните жртви од инвазијата помеѓу 2003 и 2013 година изнесуваат 122.438.

Вчерашниот коментар е првата јавна осуда на Буш за руската инвазија на Украина, речиси три месеци по нејзиното почнување.

Буш се соочи со силни реакции поради неговиот „фројдовски гаф“.

„Џорџ В. Буш е воен злосторник“, напиша сенаторката Нина Тарнер.

„Потребни беа 20 години за Џорџ Буш конечно да признае“, напиша колумнистот Вајахат Али на Твитер.

Буш, исто така, го опиша украинскиот претседател Володимир Зеленски како „искулирано типче“ и го спореди со поранешниот британски премиер Винстон Черчил.

„Начинот на кој земјите спроведуваат избори е знак за тоа како нивните лидери се однесуваат кон сопствениот народ и како нациите се однесуваат кон другите нации“, рече Буш.

„А ова никаде не се гледа појасно отколку во Украина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ