„Граѓаните на Македонија треба да бидат горди што вашата организација е фокусирана на оваа предизвикувачка цел, континуирано да го зголемува квалитетот и безбедноста на пациентите на највисоко ниво“, стои во акредитивното писмо испратено до д-р Митрев.
Работата на клиниката Жан Митрев беше оценувана од тричлена комисија на Џоинт комишн интернешнел (Joint Commission International), при што беа евалуирани 1.200 мерливи елементи и според извештајот завршната оценка е дека се исполнети сите услови за добивање на сертификатот Златен печат. По евалуацијата и оценувањето на целосната работа, комисијата стандардите на клиниката Митрев ги израмни со стандардите на Мајо клиника, потенцирајќи дека „клиниката Жан Митрев има капацитет и потенцијал да биде Мајо клиника не само на Балканот туку и за Европа“.
ЏКИ е формирана во САД во 1994 година како независна непрофитна организација која акредитира и потврдува медицински установи низ светот.