сабота, 27 јули 2024

Џиновско бебе од преку 6 килограми родено во Русија

Објавено на

часот

Сподели

28-годишната жена што го родила бебето во вторникот, 10 јануари, била породена со царски рез во регионалниот медицински центар.
Ова е нејзино второ дете. Нејзиното прво бебе исто така било тешко над 5 килограми, односно над просекот за новороденчиња. Според медицинските лица, новороденчињата што тежат над 5 килограми се класифицираат како „џиновски бебиња“.
„Мајката на ‘малото’ бебе е жена со просечна тежина и висина и пред да затрудни, тежела околу 50 килограми, но таткото е прилично висок, над два метри“, изјавија од медицинскиот центар. „Мајката и бебето се одлични и наскоро ќе бидат пуштени дома.“
Најтешкото бебе на светот е родено во 1879 во Охајо и тежело 10,8 кг, но тоа умрело 11 часа подоцна, според Гинисовата книга на рекордите. Најтешкото бебе што преживеало е родено во 1955 во италијанскиот град Аверса. Тоа било тешко 10,2 килограми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ