Тоа што претходно беше најавено, сега е и официјализирано, Џевахир стана газда на Работнички.
Новиот сопственик одвои 600.000 евра за да го купи целиот пакет на акции од Работнички. Се работи за вкупно 250 акции по цена од 2.400 евра по акција.
Работнички е вториот македонски клуб кој оваа сезона доби нови сопственици. Претходно италијанско-американскиот холдинг „Брера“ стана сопственик на Академија Пандев.