петок, 18 октомври 2024

Џенифер Анистон ќе прави пауза бидејќи е бремена?

Објавено на

часот

Сподели

Би било логично Џенифер Анистон да направи пауза од филмовите. Таа знае дека сè повеќе објективи ќе ја следат наоколу поради она што веќе изгледа како трудничко меше, па сигурно ќе сака да се притаи колку може подолго. Таа веќе ги избегнува блицевите во последно време, но тоа може да биде од неколку причини – сака да помине повеќе време со новото момче Џастин Теро, или можеби веќе ја планираат венчавката, а можеби и имаат проблеми во врската, кои сакаат да ги решат.
Според Дејли меил, Џенифер Анистон нема намера да се појавува пред филмските камери во блиска иднина. Еден нејзин пријател за весникот изјавил дека таа сака да се „фокусира на себе и се надева дека ќе стане мајка“.
Секако, ова не значи дека веќе е бремена – можеби прави пауза за да затрудни од Џастин (или пак да го убеди да ја затрудни ако тој сè уште се двоуми). Секако, таа не може целосно да престане да работи. Таа и Џастин заедно треба да го промовираат заедничкиот филм „Вондерласт“, а и сака да ѝ се посвети на сопствената модна линија (можеби сака да додаде трудничка облека?).
Долгата пауза добро ќе ѝ дојде за да види до каде е во животот и да реши што сака понатаму. А дали е бремена сигурно ќе дознаеме наскоро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ