Така, најновата вест говори дека Елорди ќе глуми во новата верзија на „Франкенштајн“, под режисерската палка на Гиљермо дел Торо. И тоа, младиот Австралиец ќе го глуми чудовиштето. Тимот глумци го надополнуваат Оскар Ајзак (како д-р Франкенштајн), Мија Гот, Кристоф Валц, Феликс Камерер, Ларс Микелсен, Дејвид Бредли, Кристијан Конвери итн.
Елорди лани беше актуелен со за него доста успешните филмови „Присила“ и „Солтбурн“ (Saltburn).
Со ова, Дел Торо ја продолжува долгогодишната соработка со „Нетфликс“, благодарение на која доби Оскар и со „Пинокио“.
Режисерот, добитник на Оскар и за „Обликот на водата“, се занимава со пишување на сценариото, режија и продукција на „Франкенштајн“, засновани на романот на Мери Шели за брилијантниот, но егоистичен научник Виктор Франкенштајн кој во 19. век оживува мртовец во морално-етички контроверзен експеримент.
Според критичарите, Елорди (26) покажа дека знае да глуми, па многумина му предвидуваат светла иднина во Холивуд.