сабота, 26 октомври 2024
Претседателот на Собранието ѝ врати на ВМРО-ДПМНЕ

Џафери: Седницата може да биде прекината ако нема мнозинство пратеници потребно за одлучување

Објавено на

часот

Сподели

Џафери рече дека „тенденцијата за криво информирање го навело пред граѓаните да ја образложи својата постапка“. 

Седницата беше свикана за 18 август според глава 5 на Деловникот за работа на Собранието во која се пропишани чекорите за текот на една седница, рече Џафери.

А, според глава 5 од Деловникот  претресот по секоја точка од дневниот трае додека не се исцрпи листата на пратеници кои се пријавиле за збор. Пратениците се пријавуваат за збор во рок од една минута по отворањето на претресот. Листата на пратеници не може да се менува и дополнува во текот на претресот.

Како што кажа Џафери, продолжението на седницата завршило со негова констатација дека претресот е завршен и дека за тоа кога ќе продолжи седницата пратениците ќе бидат дополнително известени. Според Деловникот, по исцрпувањето на точките од дневниот ред, претседателот на Собранието констатира дека седницата е завршена по што треба да се одлучува по точката на дневниот ред за која се одржала расправата.

Претседателот Џафери на денешната прес конференција се повика и на член 81 од Деловникот за работа на Собранието. 

„Претседателот на Собранието констатира дека претресот е завршен кога ќе утврди дека листата на пријавени пратеници за збор е исцрпена. Претседателот на Собранието може да ја прекине седницата ако нема мнозинство пратеници потребно за одлучување и во други случаи кога ќе оцени дека тоа е неопходно. Времето за продолжување на прекинатата седница го определува претседателот на Собранието.“, пишува во глава 5 од Деловникот.

Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство. Претседателот на Собранието го соопштува бројот на пратениците што гласале за, против или воздржано, како и бројот на пратениците што се присутни.

Според него, и од стенограмите за текот на седницата може да се види дека како претседател на Собранието на крајот на претресот по последниот говорник, координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, нема други интервенции, констатирал „бидејќи е исцрпена листата на пријавени за збор констатирам дека претресот е завршен. Овде ја прекинувам работата за оваа седница, за продолжението ќе бидете дополнително известени“.

„Тоа е врз основа на член 81, а дека пратениците знаат по кој основа се прекинува седницата, доказ е фактот што пред говорот на Митревски, односно при завршување на говорот на Кастриот Реџепи на процедурално се кажува за можна „злоупотреба“ на Деловникот и дека ќе се прекине седницата по завршување на дебатата. Од каде знаеле дека ќе се прекине? Тоа е доказ дека по координациите, јас како претседател на Собранието не седам во кабинетот па само се спуштам доле на седница и си одлучувам, туку си има соодветни сознанија за текот на седницата, како ќе тече седницата и таму се цитира само оној дел којшто мислат дека им оди во прилог“, рече Џафери.   

Запрашан за тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека седницата треба да се води врз основа на друга глава на Деловникот која се однесува на промена на Уставот, претседателот на Собранието посочува дека Главата десет од Деловникот (членовите 193, 194) се однесуваат на предлагачот на уставните измени. 

„Членот 194 предвидува дека предлогот за пристапување кон измена на Уставот содржи конкретни насоки за изменување и дополнување на Уставот и образложение за причините поради кои се предлага изменување и дополнување на Уставот. Ова е упатство за предлагачот, не за Собранието. Собранието ќе дојде на оваа точка кога ќе треба, кога ќе кажеме кај оди ова. На предлагачот му укажува што треба да содржи предлогот за измена на Уставот“, истакна Џафери.     

Претседателот на Собранието го цитираше член 195 на којшто се повикува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Да, ставот 3 вели дека одлука за пристапување кон измена на Уставот Собранието ја донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници. Овде санкционира со таква одлука се донесува, а не кога ќе се одлучува, затоа што периодот за одлучување на друго место е регулирано во текот на седницата“, рече Џафери.

Ниту во ставот 4 од истиот член, вели тој не пишува време во кое се свикува седница и се одржува.

„Зошто не пишува? Затоа што за овој материјал којшто и секој друг материјал којшто ќе се достави во Глава 5 е пропишана постапка за одржување седница“, посочува Џафери.

За тоа кои се околностите поради кои е прекината седницата кога во салата имало стотина пратеници, претседателот на Собранието рече дека се од политичка природа  и оти за нив биле разменети мислења на координација. 

„На координација се разменети размислувања околу околностите за текот и затоа е претпоставката, знаевме дека ќе биде прекината. Па нормално дека знаевме затоа што сум известил  како ќе тече седницата. Од каде ќе знаат ако не кажав“, рече Џафери. 

Гласањето е индивидуално, но вели тој, постапката почнува дури откако тој ќе го најави изјаснувањето кога и се отвора системот за гласање. 

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини Џафери дека не го почитувал Деловникот кога не ги ставил уставните измени на гласање на 18 август, по завршување на расправата за потребата од уставни измени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ