сабота, 27 јули 2024
Шефот на државата го дивери мандатот

Џафери пред Пендаровски вети дека ќе биде одговорен премиер

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски денеска му го довери мандатот за состав на преодната влада, Талат Џафери откако тој поднесувајќи оставка на функцијата претседател на Собранието должноста му ја предаде на Јован Митрески од СДСМ, а шефот на државата беше известен дека во парламентот има мнозинство за да биде изгласана техничката влада.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Стево Пендаровски денеска му го врачи мандатот на Талат Џафери за состав на преодната Влада која ќе функционира до изборот на новата влада која ќе се формира по парламентарните избори. По добивањето на мандатот, Џафери вети дека врз основа на законите и Уставот, преговорите за состав на преодната Влада ќе се одвиваат соодветно на политичката потреба и состојба во државата.

-Со задоволство и потполна одговорност го примам мандатот од претседателот на државата, со ветување дека совесно и врз основа на законите и Уставот, составот на Владата и преговорите за составот на Владата ќе се одвиваат соодветно на политичката потреба и состојба во државата, рече Џафери.

Тој додаде дека се надева оти ќе креира соодветен состав на Владата со соодветни обврски, надлежности и одговорности кон граѓаните.

Собранието во рамки на 139. седница денеска ги констатираше оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието, Талат Џафери, а во рамки на седницата пратеникот Јован Митрески од СДСМ беше избран за претседател на Собранието.

Седницата за избор на преодната Влада, чиј состав е веќе познат, треба да биде закажана за во недела, 28 јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ