недела, 12 јануари 2025
Претседателот на Собранието за „црната листа“

Џафери не поставува дилеми кога се работи за САД, макар тоа бил сопартиецот Мерко

Објавено на

часот

Сподели

Претходно на брифингот за новинарите за статусот на Мерко во партијата ДУИ, рече дека тоа е лична работа на засегнатото лице и дека тој се изјаснил дека ги става во мирување сите активности во партијата, како член, и последната изјава му е дека институциите треба да делуваат и да се потврди или да се отфрли констатацијата од извештајот на Стејт департментот. 

Во однос на поднесување или барање за оставка од градоначалничката фунција на Мерко, исклучување и делувањето на ДУИ, Џафери, кој е дел од највисокото раководство на партијата, упатува на нејзиниот статут. Тој укажува дека сега надлежностите се кај други институции и се додека не се докаже нешто, важи пресумпцијата на невиност.  

Џафери не сакаше да ги коментира и информациите за купувањето на Соравиа од внукот на Али Ахмети. За тоа има институции, вели Џафери. 

Според него, нема потреба партијата да прави нешто, туку институциите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ