ПСЖ има нов адут во намерата да го ангажира Осман Дембеле, медиумите од Франција пишуваат за приватна клаузула која дополнително и ги врзува рацете на Барселона.
Синоќа на полноќ истече рокот спред кој 50 милиони евра беа потребни да се активира откупната клаузула на Осман Дембеле во Ла Лига, и од денеска потребно е двојно повеќе, односно 100 милиони евра.
Сепак, Л’Екип сега пишува за приватна клаузула која била активирана синоќа кога ПСЖ испратил формален допис до Барселона и ги известил „каталонците“ за намерата да го ангажира Осман Дембеле.
Благодарејќи на оава приватна клаузула, ПСЖ со 50 милиони евра може да го купи Осман Дембеле и во следните денови. Се очекува до крајот на неделата да се реализира зделката.