сабота, 27 јули 2024

Деветнаесет годишно момче од Турција починало на скопските клиники, нема траги на насилство

МВР соопшти дека 19-годишен турски државјанин со престој во Скопје вчера бил примен во комплексот клиники Мајка Тереза во тешка здравствена состојба по што починал.

Објавено на

часот

Сподели

Според полицијата, кај турскиот државјанин О.Ј. немало видливи траги на насилство.

Случајот бил пријавен вчера во 14:30 часот во СВР Скопје.

„О.Ј. бил примен на клиниките околу 10:15 часот во тешка здравствена состојба. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција“, информира МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ