четврток, 16 јануари 2025

Деветгодишно дете почина на Клиниката за детски болести

Деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје, во штипската Клиничка болница било донесено на 14 јануари, информираат денеска преку пишано соопштение од Клиничка болница-Штип.

Објавено на

часот

Сподели

„Детето е донесено на Одделот за детски болести во ЈЗУ Клиничка болница -Штип на 14 јануари во 18 часот во тешка општа состојба со засегната свест. Веднаш се реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба со медицинска придружба во 19 часот истиот ден детето е транспортирано до УК ДБ-Скопје“, се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.

Инаку, според информациите од Клиничка болница-Штип, деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје е од Општина Свети Николе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ