среда, 8 јануари 2025
Во Тетовско Желино

Девет странски државјанки приведени при контрола на угостителски објект

Девет странски државјанки биле приведени при контрола на угостителски објект на регионалниот пат Тетово – Желино, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, биле приведени девет странски државјанки, од 21 до 38-годишна возраст, од Франција, Србија, Украина, Колумбија и од Бразил“, се појаснува во соопштението на МВР.

Странските државјанки биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ