сабота, 27 јули 2024
ЦУК

Девет пожари на отворено за еден ден

Во последното деноноќие регистрирани се девет пожари на отворено во државава. Пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Од ЦУК апелираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Во последното деноноќие имало вкупно 1.924 повици на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, од коишто „реални“ повици биле 44,75  отсто, а 55,25 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 48,83 отсто, кон итната медицинска помош 46,09 отсто, а кон пожарникарите 2,73 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ