сабота, 27 јули 2024

Девет патници се во болница во Јужна Кореја откако се отворила вратата на авионот за време на лет (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Авионот слетал на аеродромот околу 12:40 часот по локално време, а полетал од островот Џеџу еден час порано, според податоците на летот, пренесе Ројтерс.

Во инцидентот нема повредени, но некои патници се пренесени во болница бидејќи, поради шокот, имале проблеми со дишењето, додаде портпаролот на Азијана ерлајнс.

 

 

Девет лица се пренесени во најблиската болница, соопшти противпожарната служба во Тегу.

 

 

Портпаролот рече дека властите истражуваат како се случил инцидентот.

„Полицијата ги истражува околностите на инцидентот, откако патникот, кој седел покрај излезот за итни случаи, ја допрел рачката на вратата“, изјави службеникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ