четврток, 29 февруари 2024

Девет општини во Вардарскиот регион и Владата заеднички ќе градат стационар за бездомни кучиња

Објавено на

часот

Сподели

Тој појасни дека започнува изградба на стационар за бездомни кучиња, лоциран на територија на општина Кавадарци, со што се решава овој акутен проблем за 150 илјади граѓани во девет општини од Вардарскиот плански регион. 

„Потпишан е договорот за финансирање на регионален проект, со што Владата го решава проблемот со згрижување на бездомните кучиња во Вардарскиот плански регион. Вкупниот буџет на проектот е 20.916.000 денари, а средствата за изградба на стационарот во вредност од 11,5 милиони денари ги обезбедува Министерството за локална самоуправа преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“. Од вкупните средства, 9,5 милиони денари е поддршка од Швајцарската Влада која што се реализира во рамките на проектот“, информираше Пенов.

Тој денеска беше на средба со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, со кој дискутираше за одржливоста на проектот.

„Ја поздравувам иницијативноста на Општина Кавадарци и регионалниот пристап во решавањето на прашањето, кое што би требало да го следат и другите плански региони. Општините се тие кои што најдобро можат да направат проценка, да ги обезбедат сите услови и документи за градење и да понудат конкретни проекти“, нагласи Пенов.

Тој соопшти дека постои буџетска програма за рамномерен регионален развој, од која што вакви проекти можат да бидат финансирани и во другите плански региони, а може да се обезбеди и донаторско учество како во конкретниот случај, преку Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Со изградбата на стационарот ќе се обезбедат соодветни услови за континуирана грижа на бездомните кучиња преку изградба на централно прифатилиште, а ќе се зголеми и безбедноста на граѓаните. 

Преку посебна веб платформа е предвидено да се олесни и начинот на пријавување на проблем од страна на граѓаните, а ќе се изработи и систем за следење и регистрација на бездомни кучиња.

Центарот за развој на Вардарски плански регион, започнува со изградбата на проектот „Регионален Центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство”, финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка. Ова беше кажано на денешниот настан во Кавадарци, на кој беа претставени проектот и неговата примена и промовирано логото на Центарот. Активностите се во во рамки на проектот „Одржлив и и инклузивен рамномерен регионален развој” – втора фаза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ