На меч од француското првенство Фонсека влезе во жестока расправија со судијата, имаше и физички контакт кога се допре главо со глава со делителот на правдата. Доби црвен картон.
А, сега му е одредена суспензија од дури девет месеци.
До 15. септември нема да може да биде во соблекувалната пред и по натпреварите.
А на клупата нема да може да биде дури до 30 ноември.
Останува да се види каква ќе биде реакцијата на Лион, дали ќе го чува тренерот или ќе му даде отказ.